ВО ВТОРАТА ФАЗА НА ПРОЕКТОТ ЗА СЕЛЕКТИРАЊЕ НА ОТПАДОТ ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ПОДЕЛЕНИ 2.096 КАНТИ И 56 КОНТЕЈНЕРИ

JПКД „Комуналец“- Гевгелија, во соработка со Општина Гевгелија, започна со втората фаза од спроведувањето на Проектот за селекција на отпад во општина. Во присуство на градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, службите на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија дистрибуираа 2.096 канти и 56 контејнери на домаќинствата во Гевгелија за селекција на комуналниот отпад.
 
Садовите се бесплатни и исклучиво наменети за одлагање на сува хартија, пластика и лименки. – Минатата година, заедно со ЈПКД „Комуналец“ започнавме со селектирано третирање на комуналниот отпад од домаќинствата и правните лица. На овој начин се овозможува поквалитетно управување со отпадот, а со тоа и поздрава и почиста животна средина. Досега, праксата, покажа дека резулатите од селекцијата се успешни и гевгеличани се подготвени за правилно управување и селектирање на отпадот.
 
Со ваквата постапка градиме едно повисоко ниво во делот на заштитата на животната средина, истакна градоначалникот Сарамандов. Во првата фаза од реализацијата на проектот за селектирање на комунален отпад, беа опфатени само дел од домаќинства, додека годинава следи испорака на поголема количина, како задомаќинства, така и за правни лица. 
 
Целта на употребата на „втор сад“ за комунален отпад е со примарна селекција на наведениот домаќински комунален отпад, да се намалат количините за транспорт на истиот до Времената депонија. Селектираниот отпад од жолтите канти се собира одделно од неселектираниот комунален отпад, а динамиката за подигање на овој тип отпад навремено се најавува од страна на ЈПКД„Комуналец“

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *