ЗА СВОЈОТ ПАТРОН, БОГОРОДИЦА ДОБИ РЕКОНСТРУИРАН МЛАДИНСКИ ДОМ

Богородица доби модерен објект за одржување јавни, младински и културни настани. По целосната реконструкција и уредување на просториите и дворот, Младинскиот дом „Мите Танов- Коми“ во Богородица беше свечено предаден во употреба. На настанот по повод успешната реализација на проектот на Општина Гевгелија, присуствуваа голем број гости, меѓу кои и градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, кои ја проследија и културно-уметничката програма.
 
За реализацијата на Проектот, чија вкупна вредност изнесува 10.224.234 денари, Општина Гевгелија издвои 4.000.000 денари од општинскиот буџет, а преостанатите средства се обезбедени од Бирото за регионален развој. Имено, по успешната апликација на Јавниот повик за финансирање проекти за развој на урбаните подрачја и одржлив и урбан развој, развој на подрачјата со специфични развојни потреби и развој на селата, на Општина Гевгелија и беше доделен грант за реконструкција на младинските домови.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *