ЗДРУЖЕНИЕТО НА ВРАБОТЕНИ ВО ИГРИ НА СРЕЌА „САКАМ ДА РАБОТАМ“ СО ПОРАКА ДО ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ

Здружението на вработени во игри на среќа „Сакам да работам“ апелира до сите политички партии да се воздржуваат од злоупотребата на секторот игри на среќа во нивните дневно политички пресметки. Крајно време е да се земат предвид исклучително тешките последици кои можат да се предизвикаат. Секое погрешно законско решение ќе не принуди нас вработените кога ќе останеме без работа, да си го бараме чарето на запад, каде повторно ќе работиме во истата дејност. 

Државата ќе остане годишно без 280 милиони евра приходи во Буџетот и ќе треба да се занимава со игри на среќа кои ќе се одвиваат на црно, без лиценци и без никаква државна контрола. Не заборавајте, дека меѓу нас има и родители на малолетни деца, кои никогаш нема да прифатат дека работат во дејност која може ним да им наштети. Подготвени сме за вистината и правдата да се бориме со сите демократски средства кои ни стојат на располагање, вклучително и протести. Нема да дозволиме да бидеме земени за поткусурување во партиските кампањи.

Политичките партии мора да разберат дека со досегашниот пристап кон игрите на среќа, работат и против себе и против домашната економија.
Игрите на среќа во Македонија се изведуваат согласно позитивните законски прописи, претставуваат една од внатрешно најстрого регулираните економски дејности споредено со сите земји на Балканскиот полуостров. Приредувачите на игри на среќа вработуваат 10 илјади луѓе, што вкупно ги прави најголем приватен работодавец во државата. Во државниот Буџет секоја година се слеваат 280 милиони евра по основ на даноци и друг тип на давачки. Истовремено, околу 54 илјади луѓе директно, а околу 100 илјади луѓе вработени во други дејности, остваруваат бенефит од индустријата игри на среќа.

Сите истражувања укажуваат дека интернет игрите на среќа се поголем потенцијален ризик за младината заради полесната достапност. Учениците најмногу користат интернет и времето го минуваат на мобилни телефони. Затоа воопшто не ни е јасно зошто Државната лотарија влегува во една ваква авантура да организира интернет игри на среќа.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *