ЖИТЕЛИТЕ НА УМА УШТЕ ЕДНАШ ЈА ПОКАЖАА СВОЈАТА ВИСОКА ЕКОЛОШКА СВЕСТ

Дека населеното место Ума важи за едно од најчистите населени места во Општина Гевгелија, покажа и денешната еколошка акција во ова живописно место во пазувите на Кожуф планина.
 
Имено, во пресрет на големиот христијански празник Велигден и планинарскиот марш што ќе се случи на 16-ти април 2023 година, Здружението на Власи „Мегленија“, заедно со Црковниот одбор на црквата „Света Богородица“, како и двете планинарски друштва ЗПСК „Кожуф“ и ПД „Двете уши, организираа акција на чистење на просторот околу самата црква како и низ целото населено место.
 
Оваа акција беше поддржана од Општина Гевгелија, како и од ЈПКД „Комуналец“, кои со свое возило го однесоа собраниот отпад.
Нека биде ова поттик и за жителите на другите населени места во Општина Гевгелија, да го следат овој убав пример на житрелите на УМА и да спроведат слични акции.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *